Лајанс клубот „Лихнидос“ од Охрид деновиве одбележа пет години од своето постоење.

Клубот од формирањето до денес континуирано реализира хуманитарни активности кои се препознатливи во заедницата. Во изминатите пет години ЛК „Лихнидос“ беше вклучен и во низа проекти од областа на екологијата, ги помагаше лицата со посебни потреби и ранливите категории граѓани, но и културата и младите таленти и уметници.

Роденденот ЛК Лихнидос го одбележа со пригодна свеченост која беше збогатена со уметничка програма.

OhridNews