Хрватската фудбалска репрезентација го чекираше билетот за пласман во 1/8 финалето совладувајќи ја Аргентина со убедливи 3-0 во првииот натпревар од втората рунда во Д групата.

„Коцкастите“ ја растурија Аргентина која важеше за еден од најголемите фаворити за тронот пред почетокот на Мундијалот. Кошмарната ноќ за Лионел Меси и дружината ја најави Ребиќ кој со погодок ја казни грешката на голманот Кабаљеро. Предноста на хрватите ја зголеми Модриќ, а конечните 3-0 ги постави Раќитиќ.

Хрватска го обезбеди учеството во нокаут фазата, остануваат дилемите од која позизиција, а Аргентина ќе мора да победи во последниот дуел со Нигерија и да чека поволен исход од мечот Хрватска – Исланд.

OhridNews