Лајонс клуб „Лихнидос“ и компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп обезбедија нова пратка од 30 комплети за опремување на болничките кревети во хируршкото одделение и дневната болница при општата болница во Охрид.

Од Лајонс клуб „Лихнидос“, Антонио Ристески, објаснува дека партнерството со „Комфи Ангел“ започнало во Август 2016 година, кога од страна на охридскиот клуб била побарана помош за настраданите во поплавите во скопскиот регион.

  • Беше потребен само еден телефонски разговор со косопственикот на компанијата, Ирена Јакомоска, за да бидат обезбедени вкупно 400 јоргани и перници, кои веднаш ги дистрибуиравме до најзагрозените подрачја. Таквиот хуман гест ние не можеме никогаш да го заборавиме. Што се однесува до Охрид, одлуката каде ќе биде доставена ваквата помош е заедничка и се носи после внимателно сондирање на условите во нашите здравствени установи, велат од лајанс клубот „Лихнидос“

Додаваат дека соработката со компанијата од Прилеп е одлична. Минатиот Ноември клубот Лихнидос од „Комфи Ангел“ набави 34 комплети, со кои беа опремени болничките кревети во геријатриското одделение при охридската Општа болница.

OhridNews