Се потсетуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден  26-ти јуни, вторник, екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено охридското крајбрежјето на потегот од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е  231 881: 230 231.

OhridNews