Ниските температури за овој период од годината и променливото време ќе прдолжат и во текот на наредните денови.

Времето во Охрид во текот на првите пет дена од новата седмица ќе биде променливо и свежо, со сончеви периоди и услови за дожд и грмотевици. Дневната температура ќе биде од 17 до 20 степени, а минималната од 10 до 13 степени.

Постепено стабилизирање и покачување на температурите ќе има од наредниот викенд кога дневните температури ќе се движат помеѓу 24 и 28 степеи, а минималната околу 13-от степен.

OhridNews