Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба”, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 57-годишен стружанец.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во периодот јануари-март оваа година, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист, со употреба на подесен алат и физичка сила влегол во куќа на улицата „Стив Наумов“ во Струга. По извршеното пребарување по собите, одзел еден телевизор, повеќе парфеми, златен накит, комплети „Сваровски“ и други предмети.

OhridNews