Охриѓани ќе навиваат за Хрватска во финалето против Франција кое ќе се одигра денеска со почеток во 17 часот на „Лужники“ стадионот во Москва во рамките од Светското првенство во Русија.

Најчитаниот интернет портал во регинов Ohrid News пред полуфиналните натпревари спроведе анкета на својата интернет страница која помина во знакот на „коцкастите“. Избраниците на Златко Далиќ добија 50% проценти од гласовите, додека француската селекција 29%.

Фаворит, според обложувалниците се „триколорите“, но хрватите покажаа квалитет и карактер победувајќи после изведување на пеналите во 1/8 и 1/4 финалето и во продолженија со Англија во 1/2 финалето.

Франција ја брка втората титула од светските собири, додека Хрватска за прв се наоѓа во големото финале. Најголем успех на хрватите е третото место од СП во Франција 1998 година.

OhridNews