Селекцијата на Франција е новиот светски фудбалски шампион. „Триколорите“ до втората титула на Мундијалите стигна благодарание на победата (4-2) над Хрватска во финалето кое се одигра на „Лужники“ стадионот во Москва.

Французите, ниту во финалето не остапија од тактичката поставеност и чување на својот гол оставајќи му простор на „коцкастите“ да ја диктираат играта. Хрватите не ја искористија иницијатавата, а први погодок постигнаа французите со голема помош од Марио Манџукиќ. Репрезентативецот на Хрватска доволно ја „закачи“ топката да го смени правецот и да го матира Субашиќ.

Хрватските репрезентативци брзо се созедоа од шокот и во 28-та минута преку Иван Перишиќ го изедначија резултатот. Офанзивниот фудбалер на 16-ет метри прими топка, одлично се ослоби од својот чувар и со одмерен удар во спротивниот агол го совлада Лорис.

Најконтроверзниот момент во финалето се случи пред крајот на првиот дел. Перишиќ играше ненамерно со рака, а главниот судија после неколку минутно прегледување на снимката се одлучи да досуди пенал. Гризман сигурно биеше и Франција стигна до ново водство.

Во второто полувреме Хрватска фрли на една карта и тргна на се или ништо. Таквата рискатна игра им остави многу простор на французите, кои, на овој Мундијал и негуваа таков стил. Првата казна за офанзивната игра ги чинеше трет погодок во 59-та минута, кога Погба зголеми на 3-1. Шест минути подоцна еден од најдобрите фудбалери во Франци0ја, М`бапе со прецизен удар го матираше за покер и водство 4-1.

Мали надежи за Хрватска во финалето врати Манџукиќ кој со погодок ја казни грешката на Лорис кој се одлучи да солира и да „продава“ фудбал во казнетиот простор.

Сепак, „триколорите“ не дозволија трет погодок на Хрватска и после 20 години имаат своја златна генерација во светскиот фудбал.

Мх.П.