Сообраќајна несреќа се случи попладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево во близина на стрелиштето Мауцкер кај Св. Еразмо, во која учествуваа три патнички возила.

Од СВР Охрид информираат дека во незгодата, за среќа, нема потешко повредени лица, а предизвикана е материјална штета.

На местото на настанот увид врши сообраќајната полиција, која треба да ги утврди причините за незгодата. Од двете страни на патот формирани се колони, но сообраќајот не е прекинат.

OhridNews