Голем интерес кај охриѓани предизвика предавањето на Јане Петков,„човекот амфибија“ кое во организација на Црвен крст Охрид се одржа вчера.

Јане Петков на присутните им презентираше техники на трифазно и четирифазно дишење, како и вештини на користење на мислата и концентрацијата при изведување на неговите подвизи во препливување на водени површини, врзан за рацете и нозете со ланци и во вреќа, без користење на било какви помагала.

Еден таков, несекојдневен и необичен подвиг шеесет и четири годишниот Јане Петков ќе се обиде да изведе на 24 јули, во Охридското езеро со препливување на  повеќе од 3500 метри, врзан со ланци и во вреќа.

OhridNews