Сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 19.30 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на с. Требеништа, во која, според последните информации, учествувале автобус и патничко возило.

Во несреќата повредени се четири лица, кои биле пренесени во специјалната болница Св. Еразмо во Охрид. Три од нив имале лесни повреди, додека едно лице имало напукнување на коска од екстремитет.

Поради незгодата сообраќајот на овој патен правец бил во прекин околу еден час, што предизвика колони од двете страни на коловозот. Возилата потоа се пропуштаа наизменично, а сообраќајот полека се нормализира.

На местото на настанот увид изврши сообраќајната полицијата, која треба да ги утврди причините за незгодата.

OhridNews
фото: Телма