Во невремето проследено со врнежи од град, дожд и ветер, што попладнево беснееше околу еден час во Охридскиот регион, искршени се дрвја на повеќе места во градот.

Постаро дрво во близина на црквата Св. Богородица Каменско не го издржа налетот на невремето. На терен веднаш излегоа екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ кои ги санираат последиците.

Дрво падна и во близина на Историскиот архив. И тука веднаш реагираа екипи на јавното комунално претпријатие кои го расчистуваат просторот.

Штетите од невремето има во повеќе населби во Охрид, а комуналците имаат полни раце работа.

OhridNews