Краткотрајниот град и обилните врнежи од дожд за миг ги претворија улиците низ Охрид во реки. Канализациониот систем не можеше да ја прифати големата количина атмосферска вода, што предизвика помали поплави во пониските делови од градот. На места под вода беа тротоарите и коловозите што го отежна движењето на пешаците, но и на возилата.

По престанокот на врнежите водата се повлече од улиците.

 OhridNews