Олимпискиот маратон на 10 километри кој се одржа на 11 август доби ексклузивна подводна видео снимка изработена од професионалнит нуркач од клубот „Akvatek“, Никола Паскали.  Тој ги има „уловено“ најдобрите моменти во текот на трката и на целта од второто издание на маратонот на 10 километри на кој победија Петар Галиќ од Унгарија во машка, односно Јелена Јецански од Србија во женска ко конкуренција.

Делницата од 10-километри Галиќ ја помина 2 часа, 11 минути и 19 секунди, додека Јецански за 2 часа, 36 минути и 41 секунда. Олимпискиот маратон на 10 километри го помогнаа Макпетрол и локалната самоуправа.

OhridNews