Во морето најразлични културно – забавни настани, некои медиумски напумпани, преувеличени и добро маркетиншки промовирани, ова лето во Охрид, како ретко до сега, имаше неколку извонредни настапи на супер квалитетни домашни музичари, кои дефинитивно ќе ја одбележат оваа туристичка сезона. Еден од нив секако е концертот на секстетот на светски познатиот џез музичар од Охрид Владимир Четкар, кој синоќа на летната тераса на хотелот „Филип“ приреди уште еден концерт за паметење.

И оваа година спојот на музиката на Четкар и македонското вино беа добитна комбинација за расположената публика на исполнетата летна тераса на хотелот „Филип“. Четвртото издание на „Вино и Џез“ понуди многу позитивна енергија кој на само нему својствен начин од сцената ја ширеше Владимир Четкар заедно со неговата беспрекорно добра музичка дружина.

A, колку нашите музичари се ценети надвор од нашата земја, покажа убавиот гест на Нишкиот џез фестивал, кој Четкар го сврсти во ѕвезда на фестивалот на кој имаат продефилирано 15000 музичари од целиот свет. На подарот тој доби шешир и вино од нишкото поднебје.

Атмосферата од настапот на Четкар на „Вино и Џез“ во хотелот „Филип“ ја долови познатиот фотограф Емил Јовановиќ.

Фото Галерија:

Г.М.
фото: Емилил Јовановиќ