Фудбалерите на Јувентус на дело покажаа зошто сезонава се помеѓу потесните фаворити за искачување на тронот и години наназад се дел од самата завршница во Лигата на Шампиони победувајќи ја Валенсија 2-0 (1-0) на „Месталја“ со играч помалку откако Кристијано Роналдо во 30-та минута доби директен црвен картон.

Резултатот кога Роналдо заработи исклучување беше егал 0-0, а „бјанконерите“ не поткелкнаа пред притисокот туку напротив одиграа многу мотивирано и заслужено дојдоа до победата во режија на Миралем Пјаниќ. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина два пати беше прецизен од белата точка и обезбеди значајни три бодови за италијанскиот првак. Да биде победата уште послатка се погрижи голманот Воислав Шчезни кој успеа да одбрани пенал во последната минута од судиското продолжение.

Португалецот кој во солзи го напушти теренот во Валенсија исклучен беше поради блиската средба со Џејсон Мурилјо. Главниот судија Феликс Брих не го забележа дуелот, туку по сугестија на арбитарот позади голот го острани Роналдо. Најдобриот фудбалер во светот сигурно ќе паузира два натпревари и ќе го пропушти натпреварот со Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд во третата рунда од фазата по групи.

Резултати:

Група Е: Ајакс – АЕК 3-0, Бенфика – Баерн Минхен 0-2

Табела: Ајакс 3, Баерн Минхен 3, Бенфика 0, АЕК 0

 

Група Ф: Шахјтор Доњецк – Хофенхајм 2-2, Манчестер Сити – Лион

Табела: Лион 3, Шахјтор Доњецк 1, Хофенхајм 1, Манчестер Сити 0

 

Група Г: Реал Мадрид – Рома 3-0, Викторија Плзен – ЦСКА Москва2-2

Табела: Реал Мадрид 3, Викторија Плзен 1, ЦСКА Москва 1, Рома 0

 

Група Х: Јанг Бојс – Манчестер Јунајтед 0-3, Валенсија – Јувентус 0-2

Табела: Манчестер Јунајтед 3, Јувентус 3, Валенсија 0, Јанг Бојс 0

OhridNews