Македонската фудбалска репрезентација до 15 години со минимални (1-0) ја совлада селекцијата на Албанија во контролниот натпревар кој двете селекции го одиграа денеска на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

За надежите предводени од селекторот Неџат Шабани ова е втор триумф над своите врсници од Албанија, откако со 2-1 славеа во Корча пред три дена.

Човек на одлука на тест средбата во Охрид беше офанзивецот Ѓорѓи Стојановски кој стрелаше прецизно од белата точка во вториот дел. „Црвено жолтите“ пред да го постигнат одлучувачкиот погодок останаа со фудбалер помалку. Црвен картон доби Енис Буќи поради намерен удар на противнички играч.

  • Задоволен сум од играта и желбата на момците. Двете победи над Албанија ќе значат многу во работата со младите понатаму. Резултатите на оваа возраст не се многу важни, но сепак добро е да се победи кога се игра убаво. Исто така многу ми се допадна одговорот на фудбалерите кога останаа со фудбалер помалку. Не се поколебаа и продолжија да напаѓаат, а наградата стигна преку пеналот. – изјави Шабани.

Во следниот период Македонија ќе одигра нови контролни средби, а противниците дополнително ќе бидат одредени.

Мх.П.