“……Ах каде е мојто либеееее……коленичеееев јас пред негооооо……“..Гаси бре то песната. Ич не ја сакам ова. Ми асоцират на некој шо плачит шо молит за нешто. Шо се лигајт наместо да работит. Таквите не ги биват ни на семафори шофершајбни да мијат. Повредни се оние со крпине враце од ваквиве. Абре биди маж. Ак немаш стап имај став. Вака и вака и крај. Море со вакви ни порничи немојш да гледаш и да се кладиш дал на крајот ќе се земат децата. Ќе ти речит да догледам и ќе се кладиме. Ќе врнит утре? Ќе ти кажам задутре

Е како зш плачит? Отпаузирај малку….“и со солззииии вочитееее….“ а сега опри да те видам. Од шо се солзите а? Слушај во вакви моменти не туку ми пуштај македонски народни песни. Или се еротски или смртоносни. Е ај објасни ми ти….ако пред некој си на колејнци од шо ти се солзи во очите? Како? Как да не….санќим тогаш в бавча ги одгледвеле децата и абер немале за хард секс, дрти ток….ај молим те.

“Крени моме ф`станот да ти видам бостонот“….ар ој бегај таму санќим та под фустан имат нива орајнца пак карпуз ѝ пораснал. Сакал чоекот да матинат и да ја напрајт со “солзи во очите“ и крај. И ај вака малку да прозбориме. Еве да речиме сега после референдумов, та успеал та не, и да успејт и да не успејт ќе требит војна да се водит. Шо песна ќе пејме жити леб…“ќе се грчам ќе се турчам..“ ???

Е како со кого. Или со Америка или со Русија, а можда и со Кина. Види го….се посра. Ар шо се плашиш ко Ацета од Велгошти да кажит како ќе гласал на референдум. Е како зш не кажвел? Ам како и да завршит тој ќе е “при нашите“. Е не вели сега така. Не е детето ни пучи г`c, ни врти г`с, ни давај г`с, ни профитер тук едноставно толку му е сијалицата. Батали го него.

Тук ти не се плаши шо ќе станит ак сме изгубеле. Јас се плашам шо ќе се прајт ак победиме. Абе било кого да го победиме никаквата е. Та русине та американчишчана, демократине, се џуба џуба луѓе. Шо ќе им прајме после. Како ќе ги раниме? Да речиме пример….пример де…..дел од нив ќе ги акниме во оние индустриско – пустински зони Бунарџик, Мунарџик, дел ќе ги акниме по паркинзине низ Охридов ионака и оние шо се не земет плата и нив немат да им даваме. Е….виш како ти текна…..кај не ошло. Данк во Локална Саумоуправа. Кај 8 во една канцеларија уште 28 ќе ги соберит. Ко можат оние курдине на граница ко ќе ги фатет да излезет 25 од една кола овие не ќе ги соберело 30-тина на 5 столчиња? Иди бре бегај. Само да немат прдателни активности. З`ш еден прдеж солзи рој.

Ај то русите се бледи слаби никакви можда ќе поминиме со ајваришча и со туршии, ама она демократине бре се потечени ко проскури ко да одет со Зајко на отворање на нови ресторани. Ко со компресор се дујани. Чек де чек. Само една година е премиер имат тој уште за дујање.

Ам сега шо мислиш ти ко ги примаше овие убедувачиве дан пијаа зелен чај? Шо будала си. То се стегат месишта, ребришта, лојој шо не. И то колку и кој не дојде. Само колку ги прими чоеков. Примање леле мајко. Ај Меркелица , ај Џоснона, ај Столтенберг, ам море знајш шо значит ти Курца да го примиш и то појќе пати? Јас до душа лично незнам, не дај Боже, ама кажвет тие шо го примале до сега. Тешко Зајкота.
Тук да се вратам пак на референдумот. Ме израдва Лавров со изјавата. Мислев дека е така ама ете и тој ми потврди дека ние, нсрм-ОВЦИВЕ со гласање ЗАЗА или ЗАНЕ, не сме избирале помеѓу исток и запад. Нит за Русија нит за демократија, демек нит за Америка.

А Лавров е чоек од збор. Ко Путин. Ко сите руси. Ете со Србија дадоа збор дека ќе ги бранет ама пак без збор за да не ги навредет си ојдоја. Ама сепак ги поддржвеа од илјадници километри, а то се осети не само за Србите туку и за цел Балкан ептем јако. Ваљда и нашиот напор да станиме држава би ни го поддржале. Знам дека можат да ни го поддржат.

Овие пак демокративе можат да ни акнат авиони во значајнине згради, монументи, не дај Боже да акнат во мадињана од Букефала шо ги имаме изнаплакано и изнамазено од среќа, за да ни е поарно. Ако дојт со нив НАТО, мојт сите Нати да ни ги натосет, та црни внуци низ дворој да ни се шетет со охридски сленг.
Абе и ова нашево НСРМ-ОВСКОВО е за никаде. Да незнајш шо да одбериш. Дал змија да ти го апнит дал магаре да ти го бапнит.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите