Од МВР со детали за синоќешната тешка сообраќајна незгода што се случи околу 18,30 часот на крстосницата од улицата „Абас Емин“ со улицата „Железничка“.

Во незгодата учествувал моторцикл „Јамаха“ со битолски регистерски таблици, управуван од С.И. (36) од Охрид, кој удрил во пешакот Р.С. (52) од Охрид, а потоа и во патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управуван од Ф.Б. (58) од Охрид.

Во незгодата на самото место починал С.И., а со тешки телесни повреди се здобил пешакот Р.С. кој бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

OhridNews