Екипите на Струга Трим Лум и Лабуништа се главни во Втората македонска фудбалска лига. Двата состави се наоѓаат на првата односно втората позиција и го предводат орото во западното второлигашко друштво.

 

Струга Трим Лум врвот на табелата го задржа со минималниот триумф (1-0) во Охрид над тимот на Генч Калемлер. Стрелец на погодокот вреден три бодови за стружани беше Аљтин Лога.

Составот на Лабуништа го приреди најпријатното изненадување во 9-та рунда победувајќи во Гостивар против истоимената екипа со 1-0. Човек на одлука беше Климе Далчески кој за победа погоди во финишот од второто полувреме.

Во 10-то коло Струга Трим Лум на домашен терен ќе го пречека Гоблен Јуниор, додека Лабуништа повторно игра во гости, а ќе се судри со кичевски Влазрими.

OhridNews