Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од источен правец. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 22 степени Целзиусови, информира УХМР Македонија.

Сончево време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува  и во наредните денови. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури без позначителни промени и ќе се задржат малку над просекот за овој период од годината.

OhridNews