В сабота со почеток во 19 часот и 30 минути во СРЦ „Билјанини Извори“ во рамките од шестата рунда од Супер лигата, ќе се одигра „Езерското“ дерби помеѓу Ракометните клубови Охрид и Струга

Првото дерби оваа сезона кое ќе се одигра на охридско тло ќе го врати некогашното ривалство и шмекот на пресметките помеѓу Охрид и Струга, кое недостигаше на македонската ракометна сцена.

„Гладијаторите“ во дерби средбата ќе влезат со серија од четири победи во суперлигашкото друштво, додека стружани имаа пех на домашен терен ремизирајќи со Прилеп во меч кој требаше да го добијат.

Покрај во ракометното дерби, Охрид и Струга ќе ги одмерат силите и на зелениот терен. Исто така во сабота од 14.30 часот на “Билјанини Извори” во рамки на Третата фудбалска лига, Охрид Лихнидос на домашен терен ќе го пречека Караорман.

OhridNews