Охриѓанката Сара Настеска која заедно со своите најблиски ја води најважната битка во животот голема поддршка доби од „Џузепе Меаца“ стадионот во Милано на кој силите во градското фудбалско дерби силите ги одмерија Интер – Милан. Тројцата охриѓани кои беа дел од мечот истакнаа транспарент „Сите за Сара !“ упатувајќи порака за уште поголема обединост и поддршка за охриѓанката.

Бодовите од градското дерби им припаднаа на „неро-азурите“ кои со погодокот на Мауро Икарди во последната минута од судиското продолжение стигнаа до победата.

Богатиот спортски викенд во Охрид помина во знакот на хуманоста и на сите спортски настани се донираше за Сара која треба да се лекува во Германија. Охрид и охриѓани со организирање на разно разни јавни настани се мобилизираат и ги собираат потребните средства.

OhridNews