Младите охридски музичари се вклучуваат во акцијата за помош на 15 годишната Сара Настеска, која боледува од апластична анемија и со цел да се излекува треба да замине на лекување во Германија за што се потребни над 200 000 евра.

Утре, на градскиот плоштад после пладне, неколку локални музичари организираат свирка со цел побрзо собирање на средства за Сара.

На настанот ќе бидат поставени донаторски кутии.

OhridNews