Дербито во третата рунда од фазата по групи во Лигата на Шампиони ќе се одигра на Олд Трафорд каде ќе се сретнат најтрофејните екипи од Англија и Италија, Манчестер Јунајтед односно Јувентус. Во минатото, пресметките на овие два ривали беа чести и секогаш изобилуваа со фудбалски потези и мајсторија нешто што никоја друга средба неможе сеуште да го понуди.

Во пресрет на средбата Јувентус е лидер на табелата во Х групата и благ фаворит, но „црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд можат да го победат секого без разлика во каква форма и резултатска серија се наоѓаат.

  • Домашниот терен ќе биде нивна огромна предност. Ние ќе треба да се подготвиме прво за атмосферата, а потоа за тактичките задачи. Очекувам жестоки дуели, бидејќи бодовите се од огромно значење за двете екипи. – изјави Масимилијано Алегри.

Навивачите и сите во англискиот клуб му приредија топло пречек на Кристијано Роналдо кој пет сезони ги бранеше боите на Манчестер Јунајтед. – Враќањето на Олд Трафорд за мене е веќе емотивно. Манчестер Јунајтед е голем клуб и секогаш ќе биде таков во моите очи. Сакам да го поздравам Сер Алекс Фергусон кој секогаш веруваше во мене. Што се однесува до мечот, ќе биде вистински тежок. Знам како игра Јунајтед на домашен терен, но и ние имаме свои планови кои ако ги оствариме ќе имаме шанси за поволен резултат.

Стратегот на англичаните, Жозе Мурињо имаше неколку причини за задоволство после ремито со Челси, бидејќи неговите избраници конечно одиграа квалитетен натпревар и само поради немањето доволно среќа не заминаа со трите бодови од Стемфорд Бриџ.

– Нивната реакција беше фантастична. После онаков дерби натпревар во соблекувалната им честитав и им посакав вака да продолжат. За Јувентус излишно е да се трошат зборови затоа што се работи за великан. – истакна Мурињо.

Португалецот не ќе може да смета на Алексис Санчез, Маруане Фелаини, Фил Џонс, Џеси Лингард и Скот МекТоминеј, додека Алегри ќе ги нема на располагање Сами Кедира, Емре Чан и Марио Манџукиќ.

Двојки:

Група Е: АЕК – Баерн Минхен (18:55ч), Ајакс – Бенфика (21ч)

Табела: Ајакс 4, Баерн Минхен 4, Бенфика 3, АЕК 0

 

Група Ф: Хофенхајм – Лион, Шахјтор – Мен Сити (21ч)

Табела: Лион 4, Мен Сити 3, Шахјтор 2, Хофенхајм 1

 

Група Г: Реал Мадрид – Викторија Плзен, Рома – ЦСКА Москва (21ч)

Табела: ЦСКА Москва 4, Реал Мадрид 3, Рома 3, Викторија Плзен 1

 

Група Х: Јанг Бојс – Валенсија (18:55ч), Манчестер Јунајтед – Јувентус (21ч)

Табела: Јувентус 6, Мен Ју 4, Валенсија 1, Јанг Бојс 0

OhridNews