Како општествено одговорна организација Галеб АД Охрид се одзва на повикот и се приклучи на акцијата за собирање средства за лекување на младата Сара Настеска.

  • По идеја на наши патници, целиот промет остварен на двете наши продажни места во текот на 21-ви октомври, го уплативме на посочената сметка, со цел Сара што побрзо да замине на операција во Германија, велат од менаџментот на АД Галеб.

За да се поттикнат и граѓаните и вработените помасовно да се вклучат кон акцијата, поставени се и кутии за доброволен прилог, на продажното место на АД Галеб наспроти меѓуградската автобуска станица, како и во самата дирекција.

Од АД Галеб на Сара и посакуваат добро здравје, успешна операција и брзо опоравување.

OhridNews