Дваесет тони риба плашица која е влезена во каналот Студенчишта за да презими, може да останат заробени и да угинат поради драматичниот пад на нивото на Охридското Езеро, кое од пролетта до сега е спуштено речиси за еден метар, прдупредуваат експертите. Поради тоа ЈП Водовод исклучи дел од пумпите од Билјанини извори и таа вода ја пренасочи кон каналот Студенчишта. Но, доколку продолжи трендот на опаѓање на нивото на езерото, може да се случи еколошка катастрофа.

Ако вака продолжи да опаѓа нивото и покрај потегот што го направи ЈП Водовод може да биде доведен во опасност опстанокот на овие 20 тона плашица во каналот, затоа што таа тука е влезена на зимување и тешко дека при влошени услови ќе го напушти каналот, особено што на влез во каналот постои еден поплиток дел кој може да остане на суво и таа да биде заробена како што беше пред неколку години.

Трајче Талевски – Хидробиолошки завод Охрид.

Според експертската јавност, причина за големите осцилации на езерото, покрај сушата, е несоодветниот начин на кој тоа се третира како акумулација за производство на електрична енергија, а не како природен ресурс заштитен од УНЕСКО.

Тука имаме судир на интереси помеѓу ЕЛЕМ и самата природа. Мислам дека треба државата да изнајде решение со водата од Охридското Езеро да стопанисува некој друг, а не оној на кој што му е многу побитно да произведе електрична енергија отколку да го задржи нивото на водата во некои оптимални граници.

Трајче Талевски – Хидробиолошки завод Охрид

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Од ЕЛЕМ информираат дека вимателно се следи состојбата со нивото на Охридското Езеро и дека четврта недела испустот на вода во реката Црн Дрим по чие течение на македонска страна има две хидроелектрани, е на минимум. На официјалната веб страна на компанијата стои податок дека нивото на езерото од 1 ноември до вчера е без промени, односно 693,26 м.н.в., што не соодветствува со податоците на УХМР според кои тоа е на 693.24 м.н.в. или на само 7 сантиметри до нултата точка.

Г.М.