Ракометарите на Охрид, на домашен терен во СРЦ „Билјанини Извори“ во период од четири дена ќе одиграат два дерби натпревари со Пелистер и Пролет во рамките од 9-та и 10-та рунда во Супер лигата. Пресметките се исклучително важни, бидејќи и двете екипи се директни ривали на охридскиот клуб за местата на табелата кои водат во плејофот.

Првиот од двата можеби најзначајни натпревари оваа сезона „гладијаторите“ ќе го одиграат денеска со почеток во 19 часот против битолски Пелистер. Охриѓани на домашен терен не знаат за кикс, додека „зелено белите“ по смената на тренерската позиција заиграа како што секој очекуваше пред почетокот на сезоната.

Охриѓани на средбата со медиумите најавија борба до последен здив и атак на победата, а битолчани пак открија дека тешко е да се игра пред охридската публика која без сомнение и дилеми и најбројна и најгласна во однос на другите во Супер лигата.

Вториот меч со Пролет кој е еден од двата тима кој успеа да го порази Охрид сезонава ќе се одигра в недела со почеток во 19 часот.

OhridNews