Ракометниот клуб Охрид ги отфрли обвинувањата од Ракоментиот клуб Пелистер за неспортска и груба игра во дербито кое „гладијаторите“ по голема борба и со фантастичен пресврт го добија со 25-22. Од охридскиот клуб истакнаа дека вината за поразот гостинскиот состав треба да ја побара во сопствените редови, а не во противничкиот клуб кој ја има најдобрата публика моментално.

– Ракометниот клуб Охрид ги отфрлува обвинувањата од Ракометниот клуб Пелистер за неспортска и груба игра и истакнува дека победата во дерби сребдата е чиста како солза, остварена на теренот и во неверојатна атмосфера, која може да се види само во Охрид и никаде на друго место во земјата моментално.

Обидот на Дарко Георгиевски беше да се упати удар кон голот и да се постигне погодок за егал, а не да се погоди играчот од Пелистер. Во ниту еден момент, иако беше исклучен Георгиевски не се пушти во мешаницата, а голманот на Пелистер, Милош Рајичиќ сакаше да ја дели правдата и директно од голот се затрча кон нашиот ракометар. Во видео снимката може да се види дека ниту Славиша Димитријески не учествува во мешаницата, туку разговорот со Петковиќ беше со повисок тон, а вториот пат конфузијата на теренот ја иницираа играчите на Пелистер.

РК Пелистер од Битола вината за поразот од Охрид, треба да ја бара единствено во сопствените редови, бидејќи не е спортски да се обвинува противничкиот клуб за поразот.

На крај, сакаме да искажеме голема благодарност до навивачката група „Рибари“ и охридските љубители на ракометот, кои, не подпаднаа на провокациите од гостинските ракометари и покажаа како се сака и бодри еден клуб. – стои во сооштениетo од РК Охрид.

Со триумфот во дербито, Охрид се доближи чекор поблиску до плејофот. Охриѓани в недела во нова пресметка со предзнак дерби на домашен терен го пречекуваат скопски Пролет.

OhridNews