Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, непосредно откако тој беше правослилно осуден на казна затвор во траење од две години во случајот „Тенк“ на СЈО.

Во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија.

Предметот е доделен на надлежен обвинител и во рамки на предистражната постапка издадени се Наредби за прибирање податоци поврзани со настанот.

Јавно обвинителство

OhridNews