Финансиската полиција поднесе кривични пријави против поранешните министри за образование Никола Тодоров и Панче Кралевски, јавува Телма. Тие се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба пред 9 години кога се склучил договорот за реконструкција на Домот на АРМ за потребите на Универзитетот за информатички технологии „Св. Апостол Павле“.

Според пријавата тие го оштетиле буџетот на државата за 80.000 евра, бидејќи иако роковите биле пробиени не презеле ништо и не ја активирале банкарската гаранција на фирмата која ги изведувала градежните работи.

OhridNews