Во бурекџилница лоцирана на булеварот „Туристичка“, вчера во 13.15 часот, нарушен бил јавниот ред и мир, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Во инцидентот, 33-годишен охриѓанец физички го нападнал сопственикот на објектот, а потоа избегал.

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицето по што ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews