Влезниците за најочекуваниот културно забавен настан во Охрид, „Зимска бајка 2018“, во продажба ќе бидат пуштени денеска, 12.12. од 12 часот само во Топ Маркет – Ориент, кај Чинарот, по цена од 500 денари во ограничен број. И оваа година ложата на Центарот за култура е ВИП каде уживањето ќе биде збогатено со пијалак и кетеринг. Повеќе информации околу резервациите во ВИП делот на: 075 283 066 во периодот од 11 до 15 часот.

Местата се ограничени, затоа навреме резервирајте си седиште за спектаклот на годината „Зимска бајка 2018“ со најдобриот хумор и одбрана музика, што се одржи на 22 декември, сабота, со почеток во 20 часот, на тематски дизајнирана сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“, само еднаш и само сега.

„Зимската бајка“ ќе биде отворена со најновото шоу на “Two mothers brothers” на фантастичните актери и комичари Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски кое премиерно ќе биде изведено за оваа прилика. Големото предновогодишно шоу ќе го надополнат најдобрите празнични песни, во изведба на Емилија Маринова, Јован Куциноски, Јане Тодороски и гудачко трио; новата ѕвезда на македонското музичко небо Антониа Гиговска и уникатниот проект со безвремнските рок класици на Ѓоко Танески, Анатолиј Арнаудоски, Владимир Кречоски, Емилија Колоска, Димитри Алчев, Ѓорѓи Калајџиев и Никола Јосифоски.

Настанот и оваа година е дел од манифестацијата „ОД 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ што градот Охрид ја подготвува за претстојните новогодишни и божикни празници во насока на збогатување на туристичката понуда, а го помогнаа Хотел Чинго – Охрид, Печатница и картонажа Коста Абраш, Општина Охрид, АСП ПАК, Далвина, Горска, Староградско, Куба Либре, „Терен ауто плус“, Виеми, Ресторан „Св. Софија“, Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“, АД „Галеб“ Охрид, Кармен Бауцентар, Хотел „Нова Ривиера“, Кафе бар и лаунџ бар „Кадмо“, Рентакар „Ескејп“, Топ Маркети, Ресторан „Далга“, ЈП „Охридски Комуналец“, Моби Петрол и ФТУ Охрид.

OhridNews