Московска ЦСКА на своја кожа ја почуствува бизарната страна на фудбалот, откако две победи против актуелниот шампион Реал Мадрид не се покажаа доволни за нешто повеќе во фазата по групи. Во последната рунда ЦСКА Москва со 3-0 го совлада Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, но јалово, бидејќи триумф забележа и Викторија Плзен која со 2-1 славеше над Рома.

Викторија Плзен како третопласирана на табелата во групата патува во Лигата на Европа, а од претходно јасно беше дека „кралевите“ и римската „волчица“ ќе презимат во најелитното клупско натпреварување. ЦСКА Москва како четвртопласирана заврши, но сатисфикација ќе остане двојниот триумф над Реал Мадрид.

Патниците во ТОП 16 и сите дилеми околу екипите кои ќе се преселат во Лигата на Европа ќе се разрешат вечерва со одигрувањето на последната шеста рунда.

OhridNews