Ракометниот клуб Охрид, синоќа, во спортската сала при Основотно училиште „Григор Прличев“ ги започна подготовките за втората полусезона во Супер лигата. Играчкиот ростер, барем на почетокот од подготовките неме да претрпи промени и стари сили клубот ќе бори за пласман во плејофот.

На стартот од подготовките на ракометарите им се обрати в.д. градоначалникот Константин Георгиевски, Извршниот директор Игор Бежоски и членот на Управниот одбор Горан Момироски.

  • Последен пат кога се видовме бевме сите на број, сега после еден месец ни фали еден, а тој беше ваш најголем навивач и поддржувач. Градоначалникот Јован Стојаноски, кој беше љубител на спортот ни остај аманет да ги бодриме и поддржуваме охридските клубови. Ние ќе го следиме неговиот пример и секогаш ќе бидиме ваш ветар во грб. – им порача на ракометарите Георгиевски.

До почетокот на сезоната има месец и половина, а охридските ракометари низ контролни средби со екипи од Супер лигата ќе ја брусат формата.

„Гладијаторите“ првата етапа во Супер лигата ја минаа на втората позиција но во преостанатите четири средби ги очекуваат средби со Струга, Прилеп, Еурофарм Работник и Пелистер.

OhridNews