Според временската прогноза, времето во Охрид за време на претстојниот викенд и одбележувањето на празникот Водици-Богојавление, ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди и услови за краткотрајни врнежи од дожд.

Максималната температура ќе биде 4 степени, а минималната од -2 до 1 степен целзиусов.

Ќе дува умерен ветар од северо-источна страна.

OhridNews