Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува физичкиoт напад врз новинарката на Канал 5 Телевизија Мирјана Мирчевска – Јовановиќ која вчера известувала од манифестацијата за одбележување на Водици во Скопје.

Инцидентот кој бил предизвикан кога новинарката била нападната од вработени во агенцијата за обезбедување „Никоб“ ангажирана од МПЦ претставува напад врз безбедноста на новинарите при професионалното извршување на нивната работа.

За СЕММ е целосно неприфатливо на каков и да е начин да се спречува професионалната работа на новинарите, која треба да биде ослободена од закани и притисоци.

Совет за етика во медиумите на Македонија

 

Државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слобода на изразување, се вели во реакцијата на СЕММ.

OhridNews