Енормното загадувањее на воздухот кое беше измерено овие денови во повеќе градови на земјата, го запали алармот. Министерството за образование денеска донесе одлука да биде одложен стартот на второто полугодие во сите училишта во државата, вклучително и во Охрид.

Прогнозата на времето во наредниот период исто така е неповолна во однос на проблемот со загадувањето, соопшти министерството за образование. Кога ќе продолжи школската година, ќе биде соопштено дополнително.

Вчера Скопје се искачи на неславното прво место во светот по загаденост, а Битола беше најзагаден град во Европа. Енормно загадување денеска е измерено и во Прилеп.

OhridNews