На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивна нега (КАРИЛ), во Скопје, почина маж, кoј е петнаесетта жртва во страотната автобуска несреќа што се случи на 13 февруари кај село Ласкарци, Скопско, јавува „Макфакс“.

Во многу тешка здравствена состојба се уште петмина повредени во несреќата.

Дел од полесно повредените пациенти, пак, се пуштени на домашно лекување.

Автобусот на гостиварската компанија „Дурмо турс“ кој се обраќал на релација Скопје – Гостивар, во средата попладне, превезувал 51 патник. Од засега непознати причини тој изгубил контрола, ги пробил заштитните огради на автопатот, преминал на спротивната коловозна лента, пробил уште една заштитна ограда и слетал на покрив преку регионалниот пат во нива. Вешти лица работат на утврдување на причините за катастрофалната сообраќајна несреќа.

OhridNews