Унгарскиот првак Веспрем со фантастичен пресврт во второто полувреме го совлада Вардар со 29-27 (11-16) во Скопје и се искачи на втората позиција на табелата во групата А од Лигата на Шампиони.

Веспрем со триумфот во СРЦ „Јане Сандански“ им се реваншираше на „црвено црните“ за победата на стартот од фазата по групи во елитното клупско натпреварување.

Стартот од мечот и првото полувреме не наговестуваше гостинска радост, бидејќи домаќините го контролираа резултатот и темпото на игра. „Вардарци“ во 20-та минута се одлепија на четири позитива (12-8), а до истекот на 30-та минута стигнаа до плус пет (16-11).

Веспрем за нецели десет минути во второто полувреме ја надополни негативата од првиот дел, откако Вардар постигна само еден погодок (17-17). Избраниците на Гарсија Парондо не го предадоа водството и со два голови поведоа со 19-17, а стигнаа и до три погодоци предност (21-18).

Негативата не го поколеба унгарскиот состав кој со 4-1 серија изедначи 22-22 и ги врати работите од почетокот. Вардар поведе уште еднаш 23-22, а од тогаш Веспрем со нова серија од 4-1 поведе со плус два 26-24.

Во последните минути Вардар стигнуваше до еден негатива, но гостите ја задржаа предноста и забележаа голема победа која ги смести на втората позиција од табелата.

Најпрецизен во Веспрем беше Матеј Лекаи со седум голови, а капитен Ласло Наџ реализираше еден помалку. На голот Штербик немаше свој ден, а Миклер беше еден од ракометарите на одлука. Кај Вардар, Дисингер застана на 5 голови, по четири пати прецизни беа Криштопанс, Стоилов и Скубе, а солидна престава на голот имаше Милосављев.

Вардар во следната рунда гостува кај Кристијанштад.

OhridNews
Фото: Гол.мк