Без голови и без победник завршија првите пресметките помеѓу Ливерпул – Баерн Минхен односно Лион – Барселона во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони.

Атомскиот фудбал не изостана на Енфилд без разлика што мрежите мируваа. Во првото полувреме двете екипи имаа свои шанси, додека во вториот дел тактиката и стравот од примен погодок преовладуваше. Најблиску до погодок во Ливерпул беше Садио Мане кој неколку пати се закануваше, а „баварците“ имаа неколку прилики во серија на средината од првото полувреме. Одлуката за патникот во 1/4 финалето како што и се очекуваше ќе падне во Минхен на Алијанц арената.

Фудбалерите на Барселона го наметнаа својот стил на игра на дуелот со Лион во Франција, но немаа одговор за последната линија која функционираше беспрекорно кај домашниот состав. Каталонците се заканаа на разно разни начини, но домаќините оддолеа и заслужено се изборија за реми против лидерот во Шпанија.

Првата етапа од 1/8 финалето во ЛШ ќе се комплетира со дуелите помеѓу Атлетико Мадрид – Јувентус односно Шалке – Манчестер Сити.

OhridNews