Како дел од активностите за одбележување на Денот на ретките болести, во Охрид ќе се одржи проекција на филмот „Лицата на Лафора“. Настанот ќе се одржи во петок, 22-ри февруари, со почеток во 18:00 часот во Јавната научна установа Институт за филм – Филмска Академија Охрид.

На проекцијата ќе присуствува и режисерот на филмот Денис Бојиќ, со кој присутните, по проекцијата, ќе имат можност за разговор и дискусија.

Истиот ден по завршувањето на проекцијата на филмот, во Ноќниот клуб „Хавана“ ќе се одржи забава отворена за сите граѓани кои ќе можат да ги обојат лицата со боите на ретките болести и со тоа да го дадат својот придонес во глобалниот настан @RareDiseaseDay.