Уште една Златна Бубамара во рацете на охриѓанец. На синоќа оджаната 22-ра по ред манифестација во организација на Радио Бубамара, за ТВ актер на годината 2018 беше прогласен охридскиот актер Горан Стојаноски, кој во моментов е особено популарен по улогата на инспектор Томе во серијата „Преспав“.

Ликот на вишиот околиски инспектор, кој е еден вид огледало на работата и однесувањето на државната администрација во македонското општество, на Стојаноски му ја донесе годинешната Бубамара во негови раце.

фото: Е Магазин

Покрај Стојаноски и младиот Марко Пејчиноски кој доби Златна Бубамара за спортски подвиг на годината, меѓу добитниците уште едно познато име од Охрид. За актерка на годината 2018 Златна Бубамара доби охриѓанката Ирена Ристиќ.

OhridNews