Во рамки на одбележувањето на Денот на ретките болести, вечерва во Филмската академија во Охрид, премиерно беше прикажан филмот „Лицата на Лафора“.

На проекцијата присуствуваше режисерот на филмот Денис Бојиќ, претседателката на Светот на град Охрид Живка Ангелоска, претставници на Здружението за ретки болести и активисти.

Филмот е базиран врз вистинска приказна. После снимањето на филмот мајката на децата за кои се говори во приказната, напишала повеќе книги кои се продаваат низ целиот свет, а средствата од истите одат за истражување за ретките болести. – беше истакнато пред почетокот на проекцијата на филмот „Лицата на Лафора“.

Исто така вечерва, во ноќниот клуб „Хавана“, се одржува забава која е отворена за сите граѓани, кои ќе можат да ги обојат лицата во знак на поддршка на луѓето со ретки болести со што Охрид се вклучува во глобалниот настан #RareDiseaseDay.

Фото: Анамарија Момироска