Започна пријавувањето за Спортскиот едукативен камп со меѓународен карактер кој четврта година по ред ќе се одржи во Хотел Десарет во организација на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“.

Спортскиот едукативен камп ќе се одвива од 8 до 14 јули, а на учесниците им e загарантирана дружба, забава и откривање на тајните на сите спортовите.

Повеќе информации околу пријавувањето за учество и за кампот воопшто на меилот [email protected] или на контакт бројот 078 391 764 (Јоне).

OhridNews