Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензинот Еуросупер БС 95 поскапува за 1,5 денари, а Еуросупер БС-98 за денар, а цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинствата се намалува за половина денар.

Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 66 денари за литар, а 67,5 денари на Еуросупер БС-98. Литар Еуродизел (Д-Е V)  ќе се продава за 60,5 денари,  а на екстра лесното масло за домаќинствата (ЕЛ-1) 49 денари. За 0,149 денари се намалува цената на мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс ќе чини 32,698 денари.

OhridNews