На предлог на в.д. градоначалникот Константин Георгиески, советот на Општина Охрид едногласно донесе одлука во иднина локалната самоуправа финансиски да не поддржува настани од типот на концерти и слично, кои ќе се одржуваат во шпицот на туристичката сезона, односно од 15 јули до 15 август.

Надвор од овој период општината ќе поддржува настани кои се во функција на продолжување на туристичката сезона и од значење за градот. – изјави в.д. градоначалникот Георгиески.

Георгиески најави и измени во начиниот на кој се врши изнајмување на просторот за одржување на јавни настани на СРЦ „Билјанини извори“. Од следната година ќе се организира јавна аукција на која сите заинтерсирани ќе може да аплицираат за закуп.

Ценам дека така ќе биде поправично и подостапно за сите заинтересирани. – додаде Георгиески.

Дел од организаторите на јавни настани и концерти, не ги подмириле своите обврски кон ЈП „Билјанини извори“, информираше Георгиески.

Во најголем дел концертите во Охрид на кои настапуваат познати естрадни ѕвезди и се одржуваат во шпицот на туристичката сезона, а некои од нив, во минатото, беа делумно субвенционирани со буџетски средства.

Г.М.