Државниот градежен инспекторат, денеска, започна контрола на плажите на oхридско-струшката ривиера. Целта е да се констатира дали има или не неправилности на плажите кои беа предмет на издавање, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој истакна дека се вршени контроли и изминатите години и дека се утврдени одредени неправилности.

Надзорот кој е во тек треба да ја утврди фактичката состојба дали и во колкава мера има неправилности, но и да утврди дали договорите за концесија се истечени. – рече Сугарески.

Сугарески истакна дека очекува деновиве, државата да го преземе стопанисувањето со плажите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.

OhridNews