На 30 март, Владимир Четкар ќе одржи концертна промоција на новиот студиски албум „Going Home“ во Менхетен, Њујорк, во популарниот музички клуб „DROM“.

На промоцијата Четкар ќе се претстави со авторска музика од новиот албум како и музика од неговите два предходни студиски албуми „Heavenly“ и „We Will Never End“. На сцената ќе биде придружуван од американски музичари а ќе има и специјален гостин кој ќе биде изненадување за сите љубители на диско фанк музиката од ерата на Студио 54. Наредната недела четкар патува за Чикаго каде на 5 април, ќе има уште еден настап во клубот „Xippo“.

Од неодамна Четкар има нова веб-страница (vladimircetkar.com) преку која сите љубители на неговата музика ќе можат да бидат во контакт со сите новитети поврзани со македонскиот џез, соул и фанк изведувач.

OhridNews