Кошаркарите на Далас на крилата од Лука Дончиќ му нанесоа тежок пораз на актуелниот шампион во НБА лигата, Голдент Стејт победувајќи го со 126-91 на гостински терен.

„Телињата“ уште во првата четвртина направија двоцифрена предност и до крајот на мечот постепено ја зголемуваа. Дончиќ за помалку од три четвртини игра успеа да постигне трипл-дабл. Словенецот реализираше 23 кошеви, а додаде уште 11 скокови и 10 асистенции. Во отсуство на Стеф Кари најефикасен беше Кевин Дурант со 25 поени.

Далас далеку е од ТОП 8 и пласман во плејофот, а за „воините“ ова е чекор назад во борбата за првата позиција во западната конференција.

OhridNews